Триесет млади Роми и не-Роми отпоздравени од страна на над 3.000 посетители за време на фестивалот Херделези

Триесет млади Роми и не-Роми отпоздравени од страна на над 3.000 посетители за време на фестивалот Херделези

Подготвил: Сунаи Сабриоски

Триесет млади Роми и не- роми од Македонија, Италија, Бугарија,Германија и Турција присуствуваа на овогодинешната седма по ред интернационална младинска размена која што се случи во Берлин, Германија. Овогодинешната младинска размена имаше за цел преку интеркултурни активности да ги обедини младите за подобрување на заедничкиот дијалог и меѓусебната надворешна соработка, како и традиционално да се одбележи фестивалот Хедерлези ( Ѓурѓовден ). Главната цел на интернационалната размена беше да се запознаат младите и младинските организации кои работат на полето на расизмот и дискриминацијата со културата и традицијата на Ромите.



Овој тип на младинска размена  има за цел да промовира позитивната слика за Ромите како активни граѓани, како и зајакнување на ромскиот глас во борбата против дискриминацијата и стигматизацијата. Програмата е создадена од различни интерактивни и креативни методи од неформално образование, како танцувачка група, новинарски вештини, дискусии и театар како алатка за да се истакнуваат во која ќе им се даде можноста за развивање на различни компетенции. Предрасудите и стереотипите се насекаде. Младите Роми имаат потешкотии со нивниот идентитет, како последица од нивното искуство од неприфатеноста и дискриминацијата. Младите Роми требаа да го имаат правото и одговорноста за одлуката на нивната сегашност и иднина. Преку вакви активности младите Роми и не роми имаат можност да ги демолираат стереотипите и предрасудите кон ромите  “ - вели Мерџан Јакупов директор на организацијата Амаро Форо - Берлин.

Младите за време на работилниците имаа можност да се запознаат со историјата, културата и традицијата на Ромите. Основните идеи на работилниците беа креирани според потребите на младите од различните краеви. Секој учесник индивидуално се вклучуваше во тимот каде што се чувствува најсигурен за да ги произнесе своите вештини. За време на неформалните дискусии акцентот беше ставен на социјализацијата на младите и познавањето на Ромската култура и традиција, така што преку разновидни алатки го пренесуваа свјот став за одредена ситуација поврзана со расизмот, социјалната исклученост, дискриминација и антициганизмот.

Културната вечер беше една од низата активности преку кои младите имаа можност да ја презентираат својата држава со своите културно - историски и традиционални особености. Најразлични видови на храна, облека и музика специфични и интересни од секоја држава беа изложени и разменети. 

„ Интересен момент е кога во едно исто место гледаш како се вејат различни знамиња меѓу кои и нашето. Многу различни култури секоја посебна за себе, разновидна храна и алкохол, музика на која не може да не се заигра. Момент на кои забораваш на сите предрасуди и стереотипи и се опушташ во интер - етничкиот дијалог. И покрај тоа што сите зборуваме на разични јазици, односно секој на својот  мајчин јазик ние сепак успеваме да се  разбериме преку користење на ромскиот јазик, и секако  со примеса на останатите јазици. Добро е што сеуште се подготвуваат вакви младински размени  затоа што преку ваквите  размени може да се запозанеме од блиску со широкиот дијапазон на култури на разлините балкански и европски држави. Ова е прекрасна можност да младите научат многу повеќе за итоа како се слави празникот Ѓурѓовден/ Херделези во различни држави, дури и за оние држави кои не го прославуваат истиот. Затоа ги повикувам младите да се вклучаат во ваквите програми кои се пред се од мултикултурен карактер. “ - вели Игбал Алиова од невладината организација Амаро Форо.

 

Пред повеќе од 3.000 посетители целиот вложен труд младите Роми и не – Роми кој го дадоа за време на нивниот престој во Берлин го прикажаа на седмиот по ред фестивал Херделези кој што се одржа во добро познатата улица Бодин.
„ И оваа година повторно се собравме околу 30 млади во едно место со една заедничка цел - да го прославиме Хедерлези. Навистина богата атмосфера, полна со младост, љубов, дружење, еуфорија.... Секој од нас си ја изврши зададената задача. Искористувајќи ги своите вештини, способности, во комбинација со забава - на крајот резултатот е јасно видлив. Успешна прослава на Хедерлези 2015. Кој од кого по задоволен, кој од кого по полн со повеќе восхит. Навистина поминавме убави моменти заедно, се зближивме многу брзо меѓусебно, и се однесувавме како да се знаеме со години. Едно нешто е сигурно. Хедерлези 2015 и оваа година успеа да зближи повеќе млади луѓе во едно место и да ни ги разубави и збогати овие почетни денови во пролетта со нови пријателства, нови браќа и сестри, врзувајќи се длабоко меѓусебно, и верувам, сите учесници ја имаат истата надеж и желба како мене - во поскоро време да се најдеме сите заедно, да продолжи оваа прекрасна дружба и хармонија на Хедерлези “ – вели Едвин Салиов младински кординатор на здружението Регионална ромска Младинска Асоцијација.

Идејата на младите наиде на позитивни критики од страна на посетителите како и од градоначалничката на Неуколн, Д-р Франзиска Гифеи, Д-р Јошен Ланг шеф на одделението за урбанизам и животна средина од Сенатот, раководителот за европски прашања Кордула Симон, како и други политички лица кои се ангажираат за интеграција и инклузија на Ромите. Фестивалот е уште еден доказ дека помеѓу младите Роми и не - Роми соработката е можна, без никакви ограничувања.
Размената се одвива како партнерство во рамките на програмата за млади на Европската комисија под наслов “Ерасмус+”, акција КА1, број на прокет 2014-КА105-001470,носител Amaro Fofo e.V. (Berlin).