Временска прогноза за наредните неколку денови... Период на нестабилно време

Временска прогноза за наредните неколку денови... Период на нестабилно време



Во Македонија во сабота ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Попладне и во вечерните часови грмотевици ќе има во североисточните, источните и југоисточните предели, а слаби локални врнежи се очекуваат само во североисточните предели. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер.

Утринските температури од 7 до 18 степени, додека пак максималните дневни ќе се движат во интервал од 22 до 33 степени.

СКОПЈЕ
Во Скопје во сабота ќе биде умерено облачно со повремени сончевио периоди и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 29 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА

Од понеделник следува период на нестабилно време со локални врнежи од дожд. Овие врнежи ќе бидат со слаб интензитет, но сепак мора да се напомене дека ќе имаме. Во недела, вторник и среда услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има над теритоиријата на цела Македонија.

Во понеделник врнежите ќе ги имаме само во западните, југозападните и североисточните предели.

Температурите без некои поголеми осцилации. Минималните ќе се движат во интервал од 7 до 19 степени, а максималните од 20 до 32 степени.