Периодниот систем на елементите кои исчезнуваат

Периодниот систем на елементите кои исчезнуваат

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Секојдневно сме опкружени со ретки метали, а поголемиот дел од нас сигурно и не се свесни за тоа. На пример, нашите мобилни телефони, компјутери и LCD екрани содржат флексибилен метал кој во Земјината кора го има во ограничени количини.

 

елементи


Галиумот, кој емитува светлина кога е во близина на струјата, се користи за изработка на полупроводници, диоди, ласери и има примена во соларната индустрија. Рениумот е еден од најретките предмети во Земјината кора и често се користи за изработка на авионските мотори.

Со други зборови, секојдневно се потпираме на металите кои или се необични според нивните карактеристики или се штетни за животната средина и единствено можат да се најдат во Кина, Боливија и во Република Конго. Затоа се поставува прашањето дали постои опасност од тоа еден ден повеќе да не можеме да сметаме на овие елементи кои ќе исчезнат.

Ова прашање го поставија и научниците од Универзитетот Јеил, кои настојуваат да утврдат дали можеби премногу се потпираме на овие елементи.

Гледајќи ги сите 62 метали кои денес ги користиме, и нивните недостатоци, ограничената распространетост и неможноста да се најде нивна замена, научниците ги натера да создадат периоден систем на елементи кои се во критичност.

Металот како цинк, бакар и алуминум кои се најчесто користени метали во производните индустрии уште од времето пред компјутерската револуција, не се сметаат за загрозени метали. Вредностите на нивната критичност е ниска.

За разлика од металите кои доминирале во минатото до металите кои денес се користат за нови технолошки решенија, не е лесно да се дојде. До некои од овие елементи како арсенот и селенот, не може да се дојде преку директна експлоатација.

Од гледна точка на развојот на електроиката, најзагрижувачка ограничена количина имаат галиумот и селенот. Од аспект на заштита на животната средина, металите како златото и живата, имаат најголема опасност да исчезнат. Затоа, ограничувањето на експлоатацијата на овие метали директно се одразува на експлоатацијата на хромот и ниобиумот, кои се важни за формирање на легиран челик како и на експлоатација на волфармот и молбиденот, неопходни за создавање на легури на високи температури.

Суштината на ова истражување е да привлече внимание врз потребата и значењето на различните програми за рециклирање на електронски отпад, како и да се нагласи дека е важно постојано да се размислува за можности за дизајн на производството. Дизајнерите мораат да мислат за тоа што ќе се случи со нивните производи кога истите ќе излезат од употреба.

Колку повеќе метал се враќа во производството, толку ќе биде помала потребата за експлоатација на нова количина на овие метали. Одговорноста паѓа на сите нас.