Неверојатна продажба на седишта само денес: Секое второ седиште БЕСПЛАТНО

Неверојатна продажба на седишта само денес: Секое второ седиште БЕСПЛАТНО

WIZZ AIR ЈА ПРОСЛАВИ 11-ТАТА ГОДИШНИНА СО ОСВЕЖЕН БРЕНД И ИЗГЛЕД 


Скопје, 19 Мај 2015: Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авио компанија во Централна и Источна Европа, денес ја прославува својата 11-та годишнина. Основана во Септември 2003, својот прв лет го имаше од Катовице, Полска на 19 Мај 2004, со амбициозна цел да воспостави ниско-буџетни линии надвор од Централна и Источна Европа. Откако успешно ја оствари својата цел, компанијата продолжи да се развива и денес го објави својот освежен бренд и нов изглед.



Во своите први 11 години, компанијата превезе 90 милиони патници, а забележа раст достигнувајќи го нивото од 59 авиони, повеќе од 380 рути во 38 земји. Фокусирајќи се на своите корисници уште од самиот почеток, Wizz Air најави низа нови подобрувања стремејќи се кон задоволување на потребите на корисниците.

WIZZ последните неколку месеци превзема иницијатива за освежување на својот бренд и на денешната промоција на освежениот бренд и изглед уште еднаш ја покажа својата посветеност кон потрошувачите и задоволување на нивните потреби. WIZZ брендот сега има нов, поразигран, софистициран изглед кај кој се препознаваат и дел од иницијативите кои се имплементирани, а кои се однесуваат на:

Денес
Селекција на седиште низ целата мрежа Нова категорија на билет (Основен и Плус) за полесен избор помѓу основен билет и билет со дополнителни услуги за комфорт

Во текот на 2015
Веб-сајт надградби за побрзо и полесно букирање
Лансирање на Wizz Air мобилна верзија
Можност на Веб- сајтот за пребарување на најниска цена
Wizz Tours пакет за празници достапен во повеќе заемји во текот на 2015
Новите летови на авионите А320 и A321 ќе бидат во новиот изглед
Нов ентериер во авионот A321 од Ноември
Нови униформи со освежени бренд бои

Wizz Air ја прослави својата 11-та годишнина и освежувањето на својот бренд со досега најголемата продажба на седишта; за резервација до денес на полноќ за било кој лет секое второ седиште е бесплатно*.

József Váradi, извршниот директор на Wizz Air, изјави: “Во последната декада, Wizz Air постигна забележителен успех во револуционизирање на целата индустрија и ние ја надминавме нашата амбиција да постигнеме сигурен и достапен авио сообраќај за сите во Централна и Источна Европа, а ги проширивме и нашите линии низ цела Европа и пошироко. Лансирањето на нашиот освежен бренд е една од многуте мерки за константно подобрување на нашите патнички услуги.Многу сме возбудени со претставувањето на новиот лик на нашите два авиони A320 и новиот A321. Остануваме и понатаму фокусирани на развојот на нашата пан-европска мрежа на летови и со нетрпение ги очекуваме нашите досегашни, како и новите патници на нашите летови.”

За Wizz Air
Wizz Air е најголемата ниско буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа*, управувајќи со 59 “Airbus A320” авиони и нуди** над 380 рути од 21 бази поврзувајќи 112 дестинации низ 38 држави. Во Wizz Air, преку 2.200 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 16.5 милиони патници во финансиската годинa, до 31 Март 2015. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ

* оваа промоција се однесува на 19 мај од 00.00 часот до 24.00 часот само ако закупите најмалку две (2) седишта или повеќе, во исто време како дел од истата резервација, за истиот лет управувана од страна на Wizz Air Унгарија, Ltd (W6 ) резервациите можат да содржат максимум шест (6) патници. Секoe вторo седиште закупено ќе биде бесплатно, до максимум од три слободни седишта по резервација. Терминот "слободен" значи дека нема да се наплаќа по цена вклучувајќи ги и даноците, други задолжителни трошоци и мала торба (макс: 42 * 32 * 25) (со исклучок на административниот надоместок) за слободни места. Административниот надоместок ќе се наплаќа за секое слободно седиште. Големи торби и секое парче чекирано во багаж се предмет на дополнителни трошоци. Ниту една дополнителна услуга и производи не се дел од промоцијата и ќе мора да бидат наплатени дури и ако тие се однесуваат или се купени во врска со бесплатно седиште. Закупените седишта мора да се искористат заедно и не може да се откаже одделно. Резервации вклучувајќи повеќе од шест (6) патници се исклучени. Бројот на седишта на располагање по одредена цена е ограничен.