Запознајте ја компанијата која годишно заработува 50 милијарди долари

Запознајте ја компанијата која годишно заработува 50 милијарди долари

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

kompanija

 

Кон крајот на април, во Лондон беше одржан состанок за кој скоро никој не слушнал. На состанокот соратувале претставникот на Сомалија, Абдулахи Хаидер, еден канадски посредник и претставници на компанијата „Schulmberger“ која не е позната скоро во нитуедна нафтена индустрија.


Сомалија е една од најголемите неистражени извори на нафта, а „Schlumberger“ е единствената компанија која може да направи договор за истражување и извлекување на нафта. Оваа афричка држава е една од најнестабилните, најнесигурните и најкорумпираните држави во светот и таму за компаниите е скоро и невозможно нормално да се одвива бизнисот.

Овој нафтен гигант е традиционално таинствен и тоа со добра причина. Оваа компанија вработува повеќе од 100.000 луѓе и црпи нафта од 85 земји ширум светот. Приходите кои ги остварува се неверојатно - само минатата година имале 48 милијарди долари приход, а добвиката изнесувала 7.6 милијарди долари. Компанијата има повеќе вработени од Google, повеќе проток на капитал од Goldman Sachs и вреди повеќе од McDonald's.

„Schlumberger“ соработува со секоја голема нафтена компанија, а и со многу држави кои произведуваат нафта, како Саудиска Арабија, Либија, Русија и Туркменистан. Тие работат во најтешки подрачја, а компанијата има 36.000 патенти поврзани со експлоатација на нафтата. Сето ова успеале да го постигнат избегнувајќи го вниманието од јавноста.

Но, минатиот месец станаа рекордери во една независна категорија; ја добија најголемата казна која една компанија може да ја добие. Криминалот кој го признале, преку користење на американски вработени лица за трансакции со Иран и Судан, кои се под санкција на САД и не успеале да ги сокријат овие трансакции.

Иако „Schlumberger“ не е сопственик на нафтени и плински полиња, сепак таа игра клучна улога во експлоатацијата под море, и во истражувањата и во соработката со државните нафтени компании кои управуваат со поголемиот дел светски резерви на нафта.

„Schlumberger“ била основана во 1926 година од двајца браќа во Париз како компанија која ќе го истражува лежиштето за експлоатација и која ќе дејствува надвор од вниманието на јавноста. Нејзините вработени во Иран и во Судан зборуваат со шифри. Така Иран стана Северниот Залив, а Судан стана Јужниот Египет.

За „Schlumberger“ велат дека е Apple во нафтената индустрија затоа што има околу 10.000 патенти и затоа што ја користи најновата технологија за експлоатација на нафта. Нејзиниот директор е целосно таинствен. Тој не сака да дава интервјуа и ретко се појавува во јавноста. Иако за него не се знае ништо, минатата година неговата плата изнесувала 17 милиони долари.