Девојка со нејзиното креативно CV го освои светот

Девојка со нејзиното креативно CV го освои светот

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Нина Муфлех од Јордан создала креативно CV со кое ги воодушевила шефовите од пупуларниот Airbnb, сервис за изнамување сместување.

 

цв


Таа една недела ја подготвувала нејзината презентација во која го анализирала глобалниот туристички пазар за да направи промени кои би го подобриле бизнисот. Воодушевените работодавци ја пофалиле на Твитер и и` ветиле интервју за работа.

Нина одлучила да создаде интернет страна слична како на Airbnb и направила анализа на пазарот за да им покаже на предноста која би ја донела доколку влезе во фирмата.

Со анализата, Нина дошла до заклучок дека компанијата треба да се насочи кон земјите од Блискиот исток првенствено затоа што бедиунската традиција го поздравува примањето на странци во својот дом. Исто така, таа нагласила дека околу 90 милиони корисници на интернет се наоѓаат токму на ова подрачје, а и 40% од популацијата се млади луѓе.

Таа ги советувала на кои регоинални случувања и саеми треба да се претстават и објаснила зошто баш таа е идеален работник за нив.

Исто така, таа изразила желба за работа во маркетиншкиот сектор и нагласила дека Airbnb го гледа како супербренд. Би се задоволила и со варење кафе на вработените.

Главниот директор на AirBnb, Брајан Чески, на интернет ја пофалил нејзината пријава како импресивна, а неговиот колега Џонатан Милденхол, најави интервју со Нина која го воодушевила со нејзината брилијантност.

Нејзината КРЕАТИВНОСТ можете да ја погледнете ОВДЕ