Работи кои се случиле во годината кога се родиле денешните матуранти

Работи кои се случиле во годината кога се родиле денешните матуранти

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Голем дел од матурантите од оваа година се родени во 1996, година во која се случиле многу работи значајни за нас. Кога ќе сфатите колку работи од оваа листа се случиле оваа година кога тие биле тогаш родени, веројатно ќе се почувствувате малку старо.

Сеедно, ви донесуваме листа на работи од времето кога и ние сме биле деца.

Се појави првиот мобилен оператор во Македонија

 


Првиот мобилен оператор T-mobile започнал да работи во септември 1996 година под името МобиМак.

 

Репрезентацијата на Македонија ја дожиева најголемата победа во фудбал

На 9 ноември 1996 година националниот фудбалски тим на Македонија го победи Лихтенштајн на гостински терен со 11-1. Ова е најголема победа во историјата на македонската фудбалска репрезентација.


Los del Rio ја сними Макарена





На телевизија Лос дел Рио го сними светскиот хит „Макарена“. Освен веселата мелодија, песната имаше и своја кореографија (која денес ја знаеме напамет).

 

Почина Тупак

 

5


Еден од најпознатите рапери, Тупак почина на 13 септември 1996 година. Починал од прострелните рани со кои се здобил шест дена претходно, меѓутоа многу теории на заговор тврдат дека се`уште е жив.

Се појави првото DVD 

 

dvd


Се појави првото DVD во Јапонија во 1996 година, а го измислиле и развиле Philips, Sony, Toshiba и Panasonic, една година порано.

Почина баба Ванѓа

 

7


Легендарната баба Ванѓа, чиишто пророштва и денес се објавуваат на интернет, починала токму оваа година.

Spice Girls ја објавија „Wannabe“

 

Овој хит стана светски број 1, а светот полуде по британската сензација.


Се појави e-Bay

 

8


На интернет се појави e-Bay, а првото нешто кое било продадено е ласерот од фотографијата погоре кој всушност бил расипан.

Во кината се појави „Star Trek:First Contact“


 

Во кината премиерно бил прикажан филмот „Star Trek:First Contact“.


Се разведија Лејди Ди и принцот Чарлс

 

11


Принцезата Дијана се разведе од принцот Чарлс. Иако веќе некое време живееле раздвоени, кралскиот пар официјално се развел токму во 1996.

Објавен филмот „Mission impossible“


 

Акциониот филм со Том Круз во главната улога стана огромен хит.