Мистериозен предмет лета околу Земјата повеќе од 50 години

Мистериозен предмет лета околу Земјата повеќе од 50 години

Подготвил: Драгана Петрушевска

Луѓето се прашуваат дали сме сами во универзумот уште од моментот кога првпат погледнале во ѕвездите. Илјадници години подоцна, и покрај напредната технологија, сè уште не го знаеме одговорот на ова прашање. Многумина мислат дека постои вонземска цивилизација некаде далеку, но што долку тие се поблиску отколку што мислиме?


Во 1950-те години, за време на почетокот на вселенската трка помеѓу САД и Советскиот сојуз, Американците направиле чудно откритие. Во орбитата околу Земјата бил забележан голем, непознат сателит. Американците мислеле дека се работи за руски сателит. Но, во тоа време, ниту една нација не ја имала технологијата за испраќање и одржување предмет во орбитата.

Откритието го освоило вниманието на јавноста. Ова ја започнало американската фасцинација до неидентификувани летачки објекти. Владата објавила официјално известување дека мистериозниот сателит е само дел од вселенски отпад. Но, ова не ја задоволило јавноста и шпекулациите продолжиле.


Предметот бил фотографиран од НАСА повеќепати. Според астрономите, истиот тежи најмалку 10 тони.

Предметот бил повторно забележан во 1963 година. За време на вселенски лет, астронаутот Гордон Купер изјавил дека видел светлечки зелен објект кој кружи околу Земјата. Предметот бил потврден од НАСА, но новинарите немале право да го прашуваат Купер за предметот кога се вратил на Земјата.


Можеби предметот навистина е само парче отпад, но жителите на Земјата секако ќе останат фасцинирани од сè што ги потсетува на неверојатните идеи кои ги гледаме на телевизија или ги читаме во книгите.