Понеделник, 25-ти мај - Неработен ден за сите граѓани

Понеделник, 25-ти мај - Неработен ден за сите граѓани



Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2015 година (недела), „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита празникот.