Дали учениците треба да имаат дозвола за користење на мобилни телефони на училиште?

Дали учениците треба да имаат дозвола за користење на мобилни телефони на училиште?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Ова е прашање кое ги држи будни родителите. Дали децата треба да имаат дозвола за користење на мобилни телефони на училиште? Сега економистите тврдат дека имаат одговор. За родителите кои сакаат подобри академски резултати од децата, одговорот е негативен.


Ефектот на забрана на мобилните телефони на училиштата е еднаков на додавање дополнителна учебна недела во учебната година. Ова го покажува новото истражување од Луис-Филипе Беланд и Ричард Марфи, објавено при Лондонскиот економски факултет.

Истражувањето открило дека училиштата кои имаат забрана за користење мобилни телефони забележуваат подобрување на резултатите на учениците на возраст од 16 години за дури 6,4%. Се проценува дека ова е еднакво на додавање пет работни денови во учебната година.

Инаку, во Велика Британија, повеќе од 90% од тинејџерите поседуваат мобилен телефон, додека во САД бројот изнесува нешто помалку од три четвртини. Уредите предизвикуваат проблеми за наставниците, велат тие.

Но, бројот на училишта кои ги забрануваат телефоните на училиште се зголемува со годините. Во 2001 година, ниту едно училиште во Велика Британија немало забрана. Во 2007 година, 50% од нив ставиле забрана, а во 2012 година дури 98% од училиштата не дозволувале користење на мобилни телефони.

Со напредокот на модерната технологија, сè повеќе училишта ја имплементираат истата во училниците и започнуваат да ги враќаат мобилните телефони на часоците за зголемување на продуктивноста. Но, има и потенцијални негативни последици бидејќи истите може да водат до намалено внимавање на часовите.