Проверете дали провајдерот намерно го успорува вашиот интернет

Проверете дали провајдерот намерно го успорува вашиот интернет

Подготвил: Драгана Петрушевска


Три познати американски организации, „Demand progress“, „Fight for the future“ и „Free press action fund“ кои се борат за слободен интернет го објавија тестот за проверка на интернетот на својата официјална интернет-страница. Се работи за тестот наречен „Internet health test“, што ја мери брзината на интернетската мрежа на секое место кадешто сакате.


Инаку, слободниот пристап до интернет е едно од современите човекови права. Неодамна, САД го прогласи интернетот како јавна услуга, што значи дека сообраќајот мора да биде распореден еднакво. Работите се комплицираат во ЕУ, каде се прават обиди за одбегнување на неутралноста, иако Европскиот парламент се бори за неутралност на интернетот.

Измерете ја брзината на мрежата на вашето работно место, на факултетот или дома на линкот во продолжение - www.battleforthenet.com/internethealthtest/.