Дрогата која може да ве направи марионетка без да забележите

Дрогата која може да ве направи марионетка без да забележите

Подготвил: Драгана Петрушевска

Седите сами во хотел во центарот на Богота, Колумбија кога маж седнува до вас. Започнувате да разговарате и по одредено време, тој ви нуди цигара. Прифаќате. Следната работа што ја помните е нејасна и матна.


Ги ставате сите скапоцености од дома во торба. Отворате сеф и вадите пари. Го давате некому својот компјутер. Друг човек заедно со тој од хотелот чека во автомобил и вие му ги давате работите, без проблем. Не прашувате ништо и не се спротивставувате.

Се чини дека штотуку сте биле дрогирани со скополамин. Дрогата нема вкус, ниту мирис и ги претвора жртвите во зомбиња. Со дрогата, луѓето губат волја и може да бидат убедени да направат било што. Жртвите ги ограбуваат сопствените домови, ги подаруваат своите пари и во некои случаи, се откажуваат од своите деца.


Колумбијците ја нарекуваат дрогата „ѓаволски здив“, а се смета за најстрашната дрога во светот бидејќи жртвите не забележуваат дека се дрогирани. Во 2013 година, полицијата во Колумбија добила 1.186 пријавени случаи во земјата. Речиси половина од нив се случиле во главниот град Богота. Најчесто, жртвите се наоѓаат во ноќните клубови, а почесто се манипулира со жени отколку мажи.

Но, дрогата не мора да биде конзумирана директно. Дилерот може да ја дувне во лицето на жртвата и лицето ќе биде безмоќно. Жртвите досега не ги помнеле лицата на луѓето кои ги дрогирале, што го прави апсењето на криминалците речиси невозможно.

Дрогата се добива од дрвото борачеро, кое расте слободно во Колумбија, Еквадор и Венецуела.