Во кои земји се забранети хомосексуалните врски?

Во кои земји се забранети хомосексуалните врски?

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

1

 

Ирска е уште една земја која се приклучува на земјите во кои хомосексуалните бракови се дозволени. Додека овие земји им овозможуваат на хомосексуалците слободно да ја изразуваат нивната сексуална определеност, во други земји низ светот, постојат репресивни мерки за борба против хомосексуалците до тој степен што во голем дел од нив овие врски се забранети.


Некои земји како Русија и Литванија немаат закони со кои се забрануваат хомосексуалните врски, меѓутоа имаат репресивни закони со кои се забранува таканаречената „хомосексуална пропаганда“. Во Ирак, и понатаму продолжува егзекуцијата на жени и мажи кои се хомосексуалци. Во Чад за секс со личност од ист пол се добива од 15 до 20 години затворска казна или казна од 86 до 860 долари. Во Иран истополовиот однос на двајца мажи се смета за содомија, а шеријатскиот закон за тоа предвидува смртна казна. Мажот кој ќе бакне друг маж може да биде казнет со 60 удари со камшик.

 

2


Во повеќето земји кои забрануваат истополови врски најчесто казната е или парична или затворска, која се движи од 1 месец до доживотен затвор. Во Доминиканската Република може да се добие 25 години затвори, а постои можност хомосексуалците да бидат подложени на психијатриски третман.

На Малдивите, лезбејките се осудуваат на домашен притвор во траење од 9 месеци до 1 година, а мажите можат да бидат протерани од општеството или пак можат да добијат 30 удари со камшици. Во Мавританија за хомосексуална врска може да се добие и смртна казна и тоа преку јавно каменување.

Во Маурициус, за мажите е предвидена затворска казна до 5 години, а истополовата врска не е забранета за жените. Во Сингапур исто така им е дозволено на жените истополова врска, а на мажите им следи затворска казна од 2 години. Во Тунис мажите се соочуваат со 3 годишна затворска казна, а лезбејските врски во оваа земја не се забранети. Во Зимбабве мажите се соочуваат со парична казна и 10 години затвор, а врската меѓу две жени не е забранета.

 

Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА.