Филм кој максимално ќе ве опушти

Филм кој максимално ќе ве опушти

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Природата најдобро го опушта човекот, а данската туристичка страна „VisitVestjaælland“ се послужи со токму оваа теорија и направи филм кој опушта повеќе од било кој друг на светот - барем тие така тврдат.

 

danski


Филмот е снимен на западниот брег на Зеаланд во Данска, а во неговото снимање учествувале неколку експерти кои се занимаваат со стрес, медицина и музичка терапија.

Експертите потврдија дека постојат големи разлик во тоа како се чувствуваме кога се движиме во вода, кога го гледаме сонцето или кога трчаме низ улиците на градот. Еден од главните совети беше дека луѓето најпрво треба да се чувствуваат сигурно. Важно е да се постигне приближно темпо на отчукувањето на срцето и потоа бавно да се намалува.

Тестиран на вработени луѓе

Откако го снимиле, филмот бил прикажан на група вработени луѓе. Во текот на филмот научниците ги следеле нивните реакции и отчукувања на срцето. Во 7 минути гледање на филмот пулсот на публиката се намалил за 10%, а на некој и 25%. Публиката изјавила дека имала чувство на внатрешен мир, а за филмот рекле дека им овозможил пријатно искуство.