Правилата на Карл Сејган за критичко размислување

Правилата на Карл Сејган за критичко размислување

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Карл Сејган измисли алатка за разоткривање на глупости и критичко размислување, која ги вклучува овие правила.

 

сејган


1. Кога е можно, проверете ги сите „факти“ од други извори одсвен од оној кој го имате.

2. Охрабрете независна дебата за доказите од страна на познади заговорници од сите гледни точки.

3. Аргументите на авторитет имаат мала вредност. „Авторитетите“ правеле грешки во минатото. Така ќе биде и во иднината. Можеби е подобро да се каже дека во науката нема авторитети. Во најмала рака постојат експерти.

4. Разгледајте повеќе од една претпоставка. Ако нешто треба да објасните, размислете за сите различни начини на кои може да се објасни. Потоа размислете за тестовите на кои можете да ги ставите сите алтернативи.

5. Обидете се да не бидете врзани само за една претпоставка само затоа што е ваша. Тоа е само станица во потрага по вистината. Запрашајте се зошто идејата ви се допаѓа. Добро би било да ја споредите со останатите идеи. Обидете се да пронајдете причина за одбивање на оваа идеа. Ако тоа не го направите, некој друг ќе го направи.

6. Измерете. Ако тоа што сте го објаснувале има можност за мерење, измерете ги затоа што со тоа ќе ви биде полесно да направите разлика меѓу сите претпоставки. Она што е нејасно сега можете да видете дека има вредности и доста објаснувања. Се разбира, постои вистина која треба да се побара во сите квалитативни предизвици и проблеи со кои сме должни да се соочиме.

7. Ако постои низа на заклучоци, секој од нив мора да има вредност.

8. Помеѓу две претпоставки кои ја објаснуваат темата подеднакво добро, треба да се избере поедноставната.

9. Секогаш запрашувајте се дали може претпоставката да биде, барем теоретски, лажна. Предлозите кои не можат да бидат проверени, за кои не може да се покаже дали се правилни или не, не вредат многу.