Охридска банка вработува!
Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка, групација Сосиете женерал во референтна банка во односите со клиентите.
Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба. Градењето на тимскиот дух значи возбуда и задоволство од меѓусебната поддршка и размена на знаење.
Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.
Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој.
РЕФЕРЕНТ ЗА ОДНОСИ СО КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ
ЕКСПОЗИТУРА КИЧЕВО
ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Понуда и продажба на целосната палета на продукти и услуги на Банката наменета за правни лица;
Закажување состаноци со сегашни и идни клиенти и зголемување на портфолиото на Банката;
Собирање податоци за создавање и ажурирање на досието на клиентот;
Познавање и примена на Тарифата и правилата за каматната политика на Банката;
Подготвување комерцијален предлог за клиентот;
Известување на клиентот за документите што треба да се направат;
Подготовка на извештаи;
Управување на различни видови трансакции:
- отворање, одржување и затворање сметки,
- примање и обработка на барања за кредит,
- испорака на картички,
- примање и обработка на барање за пречекорување,
- реактивирање неактивни сметки,
Водење на заостанати наплати.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
Високо образование, пожелно во областа на економија, финансии и банкарство;
Претходно работно искуство од најмалку 3 години на иста или слична позиција во банка;
Развиени продажни вештини и техники;
Одлично познавање на англиски јазик;
Одлично познавање на MS Office;
Тимски играч;
Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV) со придружно писмо, најдоцна до 05.6.2015 год. на адреса: kariera@ob.com.mk со задолжителна назнака „За оглас: ЦРО eкспозитура Кичево“.
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.
Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.