Видеа кои ќе ви покажат зошто акционите филмови повеќе не се добри

Видеа кои ќе ви покажат зошто акционите филмови повеќе не се добри

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Се чини како Џорџ Милер, режисерот на „Mad Max“, да мисли дека акционите филмови не се на истото ниво како што беа претходно, па затоа одлучи на светот уште еднаш да му докаже како се прават акционите филмови.

 

1


Но, зошто денешните акции не функционираат? Матијас Сторк, теоретичар за филмови и режисер, се обидел да одговори на ова прашање со видео во две продолженија. Неговата теза (релативно точно) вели дека денешните акции се едноставно прехистерични.

Акцијата во филмовите, барем во оние филмови кои ги сакаме, може да се разбере, иако темпото е интензивно. Веројатно најдобар пример за тоа е филмот „Hard Boiled“ со продукција од Хонг Конг. Акционите сцени се диви и екстравагантни, но во секој момент е јасно што се случува. За ова придонесува и опседнатоста со „slow motion“ техниката на режисерот Џон Ву. Но, Ву само го продолжи она што пред него го започнаа Сем Пекинпах и Мартин Скорсезе.

Меѓутоа, во последните 10 години работите се променија. Филмовите станаа побрази. Хиперактивни. Модерните блокбастери особено акционите блокбастери ја заменија визуелната поетика за целосен напад на сите сетила. За жал, ова ретко функционира. Матијас Сторк овој вид на филм го нарекува кинематографија на хаосот, а целото прво продолжение е за овој вид на хаос.

 

Вториот дел од неговото образложение е уште поинтересно. Сторк го зема неговиот концепт на кинематографија на хаосот и покажува дека не е ограничена само на акциските сцени. Се` почесто оваа естетика се користи во сцените со дијалог. Имаме можност да ги слушнеме ликовите како зборуваат за важни работи, меѓутоа камерата не дозволува да го видиме изразот на лицето ниту пак говорот на телото. Овие две видеа се најдобрата репрезентација за се` што е погрешно со овие филмови. За среќа, веројатно ќе можат да се поправат.