Едноставен текст што може да ги блокира пораките на секој iPhone

Едноставен текст што може да ги блокира пораките на секој iPhone

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

блок

 

Неодамна откриен проблем се чини дека предизвикува пораките на платформата iOS да се блокираат кога се добива одреден текст - а ако се случи доколку телефонот е заклучен, iPhone-от мора да се рестартира.


Веќе неколку корисници на Reddit и Twitter објавуваат дека пораката е испраќана наоколу со цел да ги нервира луѓето. „Verge“ објавува дека трикот работи без разлика на тоа од каков уред е испратено и без разлика дали е Windowds phone, Android или самиот iPhone.

Но, за среќа, штетата може да се поправи. Ако имате Mac, можете едноставно да вратите на текст пораката преку iMessage да престане да го блокира вашиот iPhone. Ако немате Мас, можете да се обидете да испратите текст порака од трета апликација користејќи ја функцијата „share“, па да и` наредите на Сири да испрати порака, или да го замолите испраќачот повторно да ви испрати порака.

„Свесни сме за проблемот предизвикан од одредени серии на „unicode“ карактери и се обидуваме да го создадеме решение во софтверското ажурирање“, велат од Apple.