Извршниот директор кој нуди бесплатна школарина за децата на неговите вработени

Извршниот директор кој нуди бесплатна школарина за децата на неговите вработени

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

huang 

 

Чиех Хуанг знае збор два за мобилноста. Откако неговите родители емигрирале од Тајван, неговата мајка работела како касиерка во ресторан во Балтимор. Но, образованието секогаш било приоритет, па и покрај неговото скромно воспитување, Чиех завршил на Универзитетот Џон Хопкинс, правен факултет.


На тој начин си ја овозможил патеката кон успехот и станал успешен претприемач. Тој ја продал првата компанија на Zynga во 2011 година, а моментално е извршен директор на „Boxed“, онлајн продавница која продава предмети на големо.

Сега Хуанг сака да му даде на неговите вработени можност за ист вид на мобилност. За таа цел, тој решил да им го плати високото образование на сите деца на неговите вработени.

„Ако сте дете на некој кој работи во „Boxed“, нема да имате финансиски проблеми кои би ве спречиле да одите на колеџ“, вели Хуанг. „Ние градиме долгорочен бизнис и ако сте за, тогаш ќе инвестираме во вас“, додава тој.

„Boxed“ моментално има повеќе од 100 вработени. Хуанг вели дека моментално има 12 деца кои можат да одат на факултет и додава дека бројката за брзо време ќе порасне.

Хуанг не е единствениот извршен директор кој се одлучил на ваков чекор со цел да направи нешто за растечката нееднаквост во приходот на Америка. Само минатиот месец, Ден Прајс, основачот и извршен директор на „Gravity Payments“ ја намалил сопствената плата за да може да му плати на секој вработен најмалку 70.000 годишно.

Хуанг ги објавил неговите планови на вработените пред неколку недели и досега, само еден ја прифатил понудата.

Тој ја добил идејата кратко време откако „Boxed“, кој е со седиште во Њујорк, отворил центар во Атланта. После отворањето, тој ги поканил вработените на прослава, меѓутоа мал дел се појавиле. Подоцна открил дека голем дел од тие кои биле отсутни, немале автомобили и живееле во делови од градот кои не се безбедни навечер. Така му дошла идејата да им помогне за превоз, меѓутоа сфатил дека овој потег би бил ограничен. „Тоа немаше да реши многу проблеми. Суштината е образованието“, вели тој.

Механиката на програмата се`уште не е целосно разработена, но Хуанг вели дека тој воспоставува непрофтина фондација која ќе поседува дел од акциите во „Boxed“. Како што компанијата ќе расте, а со тоа ќе расте и барањата за програмата, тој планира од другите инвеститори да побара и тие да придонесат во базенот на пари кои ќе бидат за школарина.

Хуанг признава дека се`уште нема поставено услови со кои ќе ја заштити програмата од злоупотреба. Исто така, тој признава дека може да има други пречки, кои би ги спречиле децата на неговите вработени да одат на факултет. „Не можам да им ги решам сите проблеми“, вели тој.

„Не сите луѓе имаат иста среќа. Зошто некој човек заработува еден долар на час, а некои луѓе милиони долари?“, вели Хуанг.