Оглас за платена пракса во Арцелор Митал

Оглас за платена пракса во Арцелор Митал

АрцелорМиттал Скопје е водечки светски производител на челик. Поседува објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји, што го прави лидер на сите главни пазари за челик.


"

АрцелорМиттал ЦРМ Скопје е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар.

Во насока на професионално усовршување на младите, АрцелорМиттал Скопје има потреба од практикант Преведувач во период од 3 месеци во Секторот за Човечки ресурси и правни работи.

Кандидатите треба да се дипломирани студенти или студенти на постдипломски студии на Филолошки факултет (Англиски Јазик) – насока Превод и толкување.

Сите кандидати кои поседуваат одлично познавање на компјутерски вештини (Word, Excel, Power Point),  се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех, може да го испратат своето CV  на HR.Skopje@arcelormittal.com , со назнака  “Апликација за пракса - преведувач“.

За време на практикантската работа, студентите ќе се запознаат со работата на АрцелорМиттал ЦРМ Скопје.

Краен рок за аплицирање 07 Јуни 2015.