Оглас за вработување во Економскиот факултет - Прилеп

Оглас за вработување во Економскиот факултет - Прилеп

Економскиот факултет- Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски"- Битола, врз основа на член 131 од Законот за високото образование Службен весник на РМ бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 87/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013, 24/2013 и 41/2014) и член 34 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, наставни, научни, наставностручни и соработнички звања на Универзитетот "Св. Климент Охридски"- Битола, распишува,
K O H K У P C


за избор на наставник во наставнонаучно звање

Се распишува Конкурс за избор на наставник во сите наставнонаучни звања од областите: Меѓународна економија и друго/бизнис 1 извршител

Услови: Кандидатите, покрај општите услови, треба да ги исполнуваат посебните услови предвидени со Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот "Св. Климент Охридски"- Битола и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, наставни, научни, наставностручни и соработнички звања на Универзитетот "Св. Климент Охридски"- Битола. Работното време е согласно актите на Факултетот и распоредот на часови во семестарот.

Основната плата изнесува 39.275,00 денари/ 43.280,00 денари/ 47.575,00 денари во зависност од наставнонаучното звање. Платата се утврдува согласно актите на Факултетот.

Рокот и постапката во кој ќе се изврши изборот е пропишан со Законот за високото образование. Кандидатите поднесуваат: пријава, кратка биографија, уверение за државјанство, список на научни и стручни трудови, диплома за завршено соодветно образование и по еден примерок од трудовите.

Пријавите се доставуваат до Економски факултетПрилеп, по пошта на адреса ул. Марксова" бр. 133 или лично во архивата на факултетот, во рок од 8 (осум) дена од објавувањето на Конкурсот. Економски факултет- Прилеп