Речиси половина од македонските студенти ќе студираат надвор од родниот град
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Голем дел од матурантите секоја година ги напуштаат своите домови за да студираат. Тоа нема да биде променето ниту оваа година.
Ги прашавме идните студенти дали ќе планираат да се запишат на факултет во градот во кој живеат?
„1. Да;
2. Не, овде го нема факултетот на кој што планирам да се запишам;
3. Не, иако во мојот град има факултет. Зошто не?;
4. Ќе студирам надвор од државата;
5. Се уште не сум сигурен/на.“
Најголем дел од нив нема да студираат во родниот град затоа што таму го нема факултетот на кој планираат да се запишат (47%). 33% ќе студираат во својот град, 8% ќе студираат надвор од државата, 7% не се сигурни, а 5 % не, иако во нивниот град има факултет. Зошто?
„Да осетам малку студенски живот.“
„Не ми се допаѓаат условите.“
„Бидејки сакам да ја сменам средината на живеење, и бидејки овој факултет во мојот град е пониско рангиран.“
ЛИНК ДО ЦЕЛОСНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА