Родителите се најчестиот извор на финансии за студентските школарини во земјава

Родителите се најчестиот извор на финансии за студентските школарини во земјава

Подготвил: Драгана Петрушевска

Не изненадува фактот што поголемиот дел од идните студенти ја имаат финансиската поддршка од родителите кога станува збор за студирањето. Повеќе од половина испитаници во нашата анкета за идни студенти изјавиле дека студирањето ќе го финансираат со помош на родителите.

„Како ќе ги финансирате вашите студии?

1. Планирам да аплицирам за стипендија;
2. Ќе платат моите родители;
3. Ќе се вработам хонорарно;
4. Преку кредит од банка.“

 

60% од идните студенти ќе го финансираат факултетот преку родителите, 25% од нив планираат да аплицираат за стипендија, 11% би сакале да работат хонорарно, а 4% од нив ќе се финансираат преку кредит од банка.

Тука може да ги погледнете целосните резултати од анкетата