Матуранти се откажаа од екскурзија за донација која може да спаси живот

Матуранти се откажаа од екскурзија за донација која може да спаси живот

Подготвил: Драгана Петрушевска


Матурантите од средно училиште во Њу Хемпшир направија гест кој ќе биде запишан во историјата на училиштето. Имено, парите со кои планирале да одат на екскурзија ги собрале и донирале на нивната директорка, која неодамна добила дијагноза за редок облик рак. Учениците собрале речиси 8.000 долари за нејзиниот третман.

Една недела откако директорката ги известила учениците за нејзината дијагноза, тие решиле да преземат нешто. Матурантите заедно одлучиле дека таа ги заслужува сите пари за нивната екскурзија, кои ги собирале последните четири години.



Еден наставник подоцна направи кампања за собирање средства за учениците сепак да заминат на екскурзија. Донирајте ОВДЕ.