Научниците открија лек кој го запира ширењето на ракот од дојката на коските

Научниците открија лек кој го запира ширењето на ракот од дојката на коските

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

откртие

 

После најновото откритие како да се спречи ширењето на карцином на дојката на коските, илјадници жени можат да бидат спасени. Експертите се надеваат дека ова конечно откритие значително ќе ја намали стапката на смртност од рак на дојката.


Научниците од Универзитетот Шефилд велат дека пронајдоа начин за запирање на ширењето на клетките на ракот во коските. Секундарниот тумор на коските предизвикува 85% од смртните случаи од рак на дојката од 12.000 вкупно случаи на смрт.

Тимот на научници откри вид на лек кој би можел да ја запре пенетрацијата на карциномот во околината на коските кај околу 30% од овие случаи.

Лекот наречен бисфосфонат веќе постои и се користи како третман за остеопороза. Откритието беше објавено завчера во списанието „Nature“ меѓутоа дополнително треба да се потврди од страна на понатамошните клинички испитувања.

Доколку испитувањата се успешни, фактот дека лекот е веќе одобрен за употреба на луѓето ќе ја забрза процедурата. Тимот од Шефилд се надева дека клиничките испитувања ќе покажат дека лекот може ефикасно да изолира рак на дојка кај поголемиот дел од високо ризичните пациенти.

Инаку, релативно лесно е отстранувањето на карцином од дојката со операција или хемотерапија. Меѓутоа ако метастазира на други делови од телото, не може да се третира.

Секундарниот карцином на ракот на дојката е најчеста причина за смрт од овој карцином, а вообичаено се шири во околните коски. Научниците од Универзитетот Шефилд и Универзитетот во Копенхаген го откриле клучниот дел од механизмот за тоа како келтките на ракот се „вкопуваат“ во коските. Тимот проценува дека откритието ќе ја подобри прогнозата на засегнатите поединци.

Откако ќе се дијагностицира со карцином на дојка, преку едноставен тест на крвта може да се утврди LOX ензимот. Бисфосфанатот би можел да се дава уште во раната фаза за да се спречи ширење на карциномот кој ако започне кај коските, тешко се запира.

Околу 15% од пациентите умираат во текот на 5 години од дијагнозата, а овој број значително ќе се намали ако го запреме ширењето на секундарниот карцином.