Повик за волонтери во Здружението за Дислексија Ајнштајн

Повик за волонтери во Здружението за Дислексија Ајнштајн

Здружението за Дислексија АЈНШТАЈН отвара повик за пријавување на волонтери кои би биле ангажирани за потребите на тековните активности на организацијата на неопределен период.Здружението за Дислексија АЈНШТАЈН после ангажманот на волонтерите  не ја исклучува можноста за долгорочна соработка и вработување на избраните кандидати


Потребни Квалификации:
Предуслов за успешна волонтерска соработка е кандидатите да имаат одлично познавање од англискиот јазик (познавање и на албански ќе се смета за предност), да имаат активно познавање на работа со компјутер (работа на што поголем број програми како и одржување на социјални мрежи ќе се смета за предност), да поседуваат возачка дозвола Б категорија, да бидат комуникативни и да имаат интерес да ја проучат дислексијата.

Во рамки на работните обврски во Здружението за Дислексија АЈНШТАЈН волонтерите ќе имаат прилика да се стекнат со комуникациски и организациски вештини преку нивната работа на изработка и управување со проекти и настани, комуникација, канцелариско и административно работење и истражување.

Заинтересираните кандидати потребно е да аплицираат на следнава адреса: info@disleksija.org.mk , со испраќање на кратка биографија (CV) и писмо за мотивација најдоцна до 4ти јуни 2015 година. Во вашата кратка биографија задолжително да биде наведен и контакт телефон.

Краен рок за пријавување: 10/06/2015  

URL: https://www.facebook.com/dyslexia.macedonia  
Контакт телефон: 070688885