Временска прогноза за следните 5 дена - Конечно сонце

Временска прогноза за следните 5 дена - Конечно сонце

Иако сме на неколку денови од почетокот на климатолошкото лето, во утрешнните утрински температури ќе бидат многу пониски. Не очекува свежо утро, со утрински температури кои ќе се движат од 3 до 13 степени.


Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ветерот сеуште ќе го имаме но ќе биде многу послаб, а ќе дува од северен и северозападен перавец, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 15 до 25 степени.

СКОПЈЕ
Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Минималната температура од 10 степени, а максималната дневна до 22 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
Во деновите од викендот не очекува претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури. Утрата сеуште ќе бидат свежи а температурите ќе се движат од 2 до 14 степени. Максималните температури ќе достигнат до 19 односно до 32 степени.
Во понеделник и вторник претежно сончево со локална облачност. Овие врнежи во вторник ќе бидат локални и ќе ги има само во западните предели. Минималните температури од 6 до 17 степени, а максималните ќе достигнат до 23 односно до 33 степени.

Извор: weather4all.com.mk