Екстерно тестирање - целите и спроведувањето

Екстерно тестирање - целите и спроведувањето

Подготвил: Драгана Петрушевска

Распоредите за екстерно тестирање се објавени. Објавени се и прашањата, а со тоа се знаат и одговорите. Која е целта на екстерното тестирање, тогаш? Ова е дебата која се води долго време. Засега ги имаме следниве факти за спроведувањето и целите на екстерната проверка на објективноста на наставниците.  


Оцените од екстерното тестирање ќе влијаат на конечниот успех на учениците. Тие ќе бидат запишани во свидетелствата. Истовремено, наставниците се под притисок. Беа споменети награди и казни за наставниците врз основа на резулатите од екстерното тестирање, но се чини дека тоа е одложено засега.

Екстерното тестирање е за учениците од 4-то одделение до 3-та година во основно и средно образование, соодветно. Тоа се вкупно 182 илјади ученици и речиси 18.000 наставници.

Јавниот базен со прашања содржи вкупно 445.700 прашања на македонски, албански, турски и српски јазик по вкупно 7.560 предмети, пишува на официјалната интернет-страница на МОН.

Според официјалните правилници за екстерно тестирање објавени од МОН, целта на тестирањето е проверување на објективноста на наставникот при оценувањето. За спроведување на екстерното проверување се формира училишна комисија која е составена од претседател, стручен соработник и тројца наставници. Екстерното тестирање се надгледува од лица определени од страна на Државниот испитен центар.

Во еден ден ученикот се проверува само за еден наставен предмет. Времетраењето на тестирањето трае 60 минути.

Оценувањето го организираат и спроведуваат училишната комисија и Државниот испитен центар. Оценувањето на постигањата на учениците се врши со бодови кои потоа се претвораат во оценки од еден (1) до пет (5).

Екстерното тестирање ќе биде реализирано од 2 до 10 јуни годинава.