Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме на почетокот на наредната недела?

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме на почетокот на наредната недела?



МАКЕДОНИЈА: Уште едно свежо утро во Македонија, со утрински температури кои ќе се движат од 2 до 11 степени. Во текот на денот сончево и потопло од денешниот ден. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во делови од западна Македонија ќе дува слаб североисточен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 18 односно до 29 степени. УВ индекс 8.

СКОПЈЕ: Во Скопје во сабота по свежото утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло. Слаб северозапден ветер. Минималната температура од 8 степени, а максималната дневна температура до 26 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА:Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели зголемување на облачноста и нестабилно време со локални врнежи од дожд. Минималните температури од 5 до 16 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 20 односно до 31 степен.

Во вторник умерено облачно со повремени сончеви периоди, но во попладневните часови во југозападните, западните и северозападните предели со услови за локални врнежи од дожд.

Во среда врнежи од дожд се очекуваат насекаде во Македонија, овие врнежи се очекуваат во попладневните и вечерните часови. Ќе дува засилен ветер. Минималните температури од 11 до 20 степени, а максималната дневна ќе достигне до 17 односно до 28 степени.

Weather4all.com.mk