Поради финансиската состојба матурантите би студирале нешто што не сакаат

Поради финансиската состојба матурантите би студирале нешто што не сакаат

Подготвил: Драгана Петрушевска

Понекогаш, надворешните услови може да ги спречат младите да ги следат своите сништа. Така, во земјава, најголем проблем прават финансиските проблеми. Поточно, матурантите би студирале нешто што не сакаат поради финансиската состојба. Тоа го изјавиле значаен број од студентите кои учествуваа во нашата анкета за идни студенти.

„Под кои услови би се согласил/а да стурираш нешто што не сакаш?

1. Поради финансиската состојба;
2. Ако ме примораат родителите на тоа;
3. Ако има подобро друштво на тој факултет;
4. Доколку значи тоа дека не мора да го напуштам родниот град;
5. Во никој случај;
6. Не сум размислувал/а за тоа.

 

47% од испитаниците не размислувале за тоа, 23% од нив не би го сториле тоа во никој случај, 21% би студирале нешто што не го сакаат поради финансиската состојба, 5% поради родителите, 2% доколку тоа значи дека не мора да го напуштат родниот град, а 1% поради подобро друштво.

Целата анкета може да ја видете на овој линк