Летен професионален развој со отворените онлајн курсеви

Летен професионален развој со отворените онлајн курсеви

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

За сите оние кои не знаат, таканаречените MOOC (Massive Open Online Courses) се отворени и често пати бесплатни универзитетски курсеви вирутелно достапни за сите.

 

onlajn


За наставниците, овие онлајн курсеви можат да бидат забавен начин за проширување на нивната експертиза и усвојување на нови вештини. Летото е одличен период за да се запишете на некои од овие курсеви.

Во меѓувреме, доколку не сте запознаени со MOOC, можете да го погледнете видеото подолу кое го објаснува целиот образовен концепт.

 


 

Курсеви кои треба да ги земете во предвид


FLOW Education: Facilitating learning through outdoor watershed education - Овој курс помага да научите како се развива отвореното образование во училницата. Презентерите ќе го искористат „Chesapeake Bay“ како пример за тоа како да се создаде забавно, интердисциплинрано отворено искуство за учење. Наставниците исто така ќе имаат можност да научат за планирање и имплементирање на учење надвор.

Започнува: 17 јуни

Improving Historical Reading and Writing - Овој курс е дизајнира посебно за наставниците за социјални науки, а ќе им овозможи подлабок поглед кон користењето на пишувањето во училницата во која се учат социјалните науки. Наставниците ќе прават вежби и ќе бараат примери за тоа како да ги подобрат стиловите на пишување кај студентите, а ќе откријат и стратегии за спроведување на сесии и рубрики за развој.

Започнува: 22 јуни

Foundations of Teaching for Learning: Introduction to Student Assessment - Овој курс од „Commonwealth Education Trust“ е совршен за воведување на задачите на студентите. Во текот на курсот, наставниците ќе се здобијат со знаење користејќи ги задачите како дел од процесот на предавање и учење, вклучувајќи ги и стратегиите и техниките за спроведување и оценување на учениците.

Започнува: 22 јуни

Teaching with technology and inqury - Од Универзитетот во Торонто, овој курс е дизајниран за наставници од основно и средно образование кои ќе го истражуваат STEAM (Science, Technologu, Engineering, Arts и Mathematics) и ќе дискутираат за големи теми и предизвици за интегрирање на технологијата во училницата.

Започнува: 1 јули

Tinkering Fundamentals -  A constructionist approach to STEM learning - Ова би тебало да биде забавен курс организиран од „The Exploratorium“, научен музеј од Сан Франциско. Учесниците ќе имаат можност да погледнат во „клучните елементи за високо-квалитетни, богати со наука активности, ефективни стратегии за олеснување и организирање на животната средина“.

Започнува: 22 јули

Каде можете да најдете вакви онлајн отворени курсеви?

Coursera -  Овој портал создаден од поранешни професори на Стенфрод Универзитетот нуди можност за развивање на потенцијалот на наставниците. Поголемиот дел од курсевите се бесплатни за учесниците.

Udemy Courses for Educators - Овие курсеви се дизајнирани и ги предаваат експерти во нивните полиња.

edX MOOC - Заеднички проект на Харвард и Институтот за технологија во Масачусетс кој нуди курсеви од најдобрите универзитети, вклучувајќи ги Беркли и Универзитетот во Тексас.

Class central - Лансиран во 2011 година, овој MOOC агрегатор претставува совршен пребарувач за пронаоѓање на онлајн курсеви.