Оглас за вработување во Агенцијата за странски инвестиции

Оглас за вработување во Агенцијата за странски инвестиции

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија Агенцијата" зема активно учество во енергичната кампања на Владата на Република Македонија која има примарна цел- подобрување на економскиот пораст на земјата преку зголемување на странските директни инвестиции во софистицирани, високи технологии, извозно ориентирани индустрии во земјата и во целните индустриски сектори во кои Република Македонија е конкурентна.

Стремејќи се кон оваа цел Агенцијата бара да ангажира високо квалификувани, динамични професионалци со богато работно искуство, кои се подготвени да се соочат со предизвикот и несебично да ги вложат сите свои знаења, вештини, способности и енергија во интензивна промоција на ресурсите и потенцијалите на Република Македонија како атрактивна бизнис дестинација со сите свои поволности кои ги нуди за инвестирање, како и промоција на извозот на Република Македонија.

Верувајќи дека претставувањето на Република Македонија на највисоко ниво преку контактирање со бројни странски компании и институции, со можност  поканува сите заинтересирани лица да се на

ОГЛАС ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ЕКОНОМСКИ ПРОМОТОРИ 

За работа во:
-Индијанаполис (Индијана), САД- 1 извршител,
- Монтреал (Квебек), Канада- 1 извршител

Кандидатите кои ќе се јават на Огласот треба да ги исполнуваат следните услови, и тоа:

- Висока стручна спрема;
- Релевантно работно искуство од најмалку две (2) години по завршување на високото образование;
- Одлично познавање на англискиот јазик за позицијата во Индианаполис, САД;

- Одлично познавање на англиски и француски јазик за позицијата во Монтреал, Канада;
- Способност за презентација, комуникациски вештини и тимска работа;
- Способност за покренување иницијатива, проактивност и работа под притисок.

Кандидатите кои се заинтересирани и се пријавуваат потребно е да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат вештини за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици во периодот на спроведување на значајни структурни реформи во земјата и остварување на политиките на Владата на Република Македонија.  Предност ќе имаат оние кандидати кои што имаат работно искуство во соодветната земја или една од земјите за која конкурираат или го стекнале образованието во истата и/или одлично познавање на официјалниот или деловниот односно еден од јазиците од говорното подрачје на земјите за која се аплицира. 

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават резиме (CV) со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум 500 зборови) во кое задолжително треба да биде наведено за која земја аплицира.

Пријавите може да се достават по е-маил: ekonomski_promotori@investinmacedonia.com или по пошта или директно во архива на адреса:

Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија

Ул. „Никола Вапцаров“ бр:7

1000 Скопје, Република Македонија