Оглас за вработување во Министерство за здравство

Оглас за вработување во Министерство за здравство

Во врска со Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за реконструкции и доградба на објектите на ЈЗУ во РМ Службен весник на РМ бр. 36/10" договорот за заем за делумно финансирање на проекгот за реконструкции и доградба на објектите на ЈЗУ во РМ бр. Ф/П 1689 (2009), за потребите на проектот за реконструкции и доградба на објектите на ЈЗУ во РМ, Министерството за здравство објавува:

ПРОЕКТ МЕНАЏЕР

Проектниот менаџер ќе биде одговорен за целокупната имплементација на Проектот за реконструкција и доградба на објектите на ЈЗУ во РМ и ќе го известува министерот за здравство за соодветното извршување на сите активности во рамки на проектот. Проектниот менаџер ги има следните работни задолженија и одговорности:
Да презема одговорност за успешно имплементирање на проектот;
Да ја координира работата на вработените и да обезбеди координација на сите аспекти поврзани со Проектот, како и да остварува контакти со надворешни лица и институции поврзани со делокругот на овој проект;
Да управува и да го администрира проектот и да обезбеди успешно извршување на сите активности во рамки на проектот, финансиското работење и процесот на набавки, во согласност со правилата на Банката за развој при советот на Европа (ЦЕБ);
Да обезбеди навремено информирање на Банката за развој при советот на Европа (ЦЕБ) за напредокот на проектните активности;
Да ги распоредува работните задачи на вработените во проектната единица за имплементација на проектот, да ја координира нивната работа и да обезбеди успешно остварување на поставените задолженија.

Потребни квалификации и вештини:
Завршено високо образование од областа на економијата или бизнисадминистрација, право, архитектура, студии од областа на градежништвото или други сродни области;
Најмалку 5 (пет) години професионално искуство на работа и менаџмент, како и искуство со меѓународно финансирани проекти во Република Македонија (или пошироко во регионот).

Искуство во проекти финансирани од Банката за развој при совет на Европа, Светска банка, Европска инвестициска банка и други релевантни банки ќе се смета како предност. Одлично познавање англиски јазик Работа со компјутери и канцелариски софтвер пакети (wordprocessing, excel, power point, дата бази и интернет)

Износот на платата се утврдува согласно стандардите на Банката.

Докажувањето на образованието и искуството се врши со доставување: копии од диплома, кратка биографија, препораки и сертификати и други релевантни документи за кои апликантот смета дека се соодветни.

Заинтересираните кандидати може да се пријавуваат до 16 јуни 2015 година.

Пријавувањето може да се изврши на електронска пошта: marija.nikolovska@zdravstvo.gov.mk, или на адреса: Министерство за здравство ул. 50 Дивизија бр. 14 1000 Скопје (или во архивата на Министерство за здравство, со назнака: Оглас за прием на стручно лице: проект менаџер во проект за реконструкции и доградба на објектите на ЈЗУ во РМ).