Оглас за вработување во Шпаркасе Банка

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:

САМОСТОЕН СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ, СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ

(1 позиција, неопределено време со вклучена пробна работа од 6 месеци)


Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

- добро познавање на банкарските продукти и работење, одлично познавање на финансиската анализа и процена на бонитетот, анализа на финасиските показатели, основи на регулативата за облигации, девизно работење, документарни работи и Законот за трговски друштва;

- добри организациски и комуникациски вештини, вештини за самостојнопланирање и одлучување, способност за работа под притисок, аналитички вештини, иницијативност, способност за препознавање на ризикот во работењето, вештини за пренос на знаење, ориентираност кон постигнување

Опис на работното место/одговорности:

- се грижи за клиентите, одржува континуирана комуникација, гради односи за поттикнување нови и повторливи бизнис можности;

- има обврска за аквизиција на нови клиенти;

- таргетира клиенти и врши продажба на сите продукти на Банката;

- одговара за остварување на поставените цели: волумен, приходи, cross-selling, профитабилност, ниво на доцнење и ниво на резервации;

- ги дефинира потребите на клиентот и врши структуирање на кредитирањето (преговара за рокови, каматни стапки, обезбедување итн.);

- идентификува потенцијални ризици и/или можности поврзни со клиентите;

- ја прибира потребната документација и изработува кредитна апликација и финансиска анализа;

- одговорен е за навремено плаќање на обврските на своите клиенти;

- дава предлози и иницијативи за развој на односите со клиентите, за воведување нови продукти и за унапредување на работењето;

- тесно соработува со Групацијата за стратегиите за клиентите, учествува во подготовка и реализација на прекугранични кредити по однапред дефинирани процедури;

- учествува и предлага измени и дополнувања на постоечките политики, процедури, упатства и инструкции за Секторот;

- учествува во професионален развој и образование на вработените.

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 09.06.2015 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.