Слободни работни места во Македонија

Слободни работни места во Македонија



Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.49%.


Највисока стапка на слободни работни места има секторот Ж - Транспорт и складирање и изнесува 2.05%, додека најмала е стапката во секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0.28%.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.95%.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.88%.

Најголем број на слободни работни места, односно 1709, има во петтата група на занимања - Работници во услужни дејности и продажба