Дали стоите најмалку 2 часа дневно?

Дали стоите најмалку 2 часа дневно?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Дали седите? Во тој случај, веројатно треба да станете веднаш штом го прочитате ова.


Британските експерти испратија препорака за работниците во канцеларија во Британското списание за спорт и медицина. Водичите објавени во списанието биле изработени од тим експерти од областа. Овие експерти се гласни и јасни кога станува збор за работниците во канцеларии.

Имено, се препорачува стоење барем најмалку два часа дневно за да се одбегнат опасностите од долгото седење. Експертите препорачуваат луѓето да го започнат денови со два часа стоење или лесна активност, а тоа време треба да се зголеми двојно по одреден период. Опасностите од долгото седење во последно време се споредуваат со оние од пушењето.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои трошат поголем дел од времето седејќи имаат поголем ризик од здебелување, добивање проблеми со срцето и рак.

Гевин Бредли, директор на групата „Get Britain Standing“ и еден од авторите на водичите вели дека дури ниту редовното вежбање не е решение. Неговиот тим ја проширува кампањата за стоење во земји надвор од Велика Британија и ги поттикнуваат луѓето да користат работни маси со кои може да стојат.

Водичите информираат дека луѓето кои седат поголемиот дел од времето имаат двојно поголем ризик за добивање дијабетес и кардиоваскуларна болест, 13% поголеми шанси за добивање рак и 17% зголемен ризик за прерана смрт во споредба со оние кои седат помалку.