Оглас за сместување на студенти од САД и Канада кои имаат македонско потекло

Оглас за сместување на студенти од САД и Канада кои имаат македонско потекло

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), во рамки на  глобалниот проект „The Macedonian Heritage Village“, за првпат оваа година ја спроведува својата програма „BIRTHRIGHT MACEDONIA (BRM)“ во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Мисијата на оваа програма е да им обезбеди на младите кои имаат македонско потекло и живеат во странство, тринеделен престој во Македонија (10-31 јули 2015).


За време на престојот ќе биде обезбедена практична работа во организации/институции/компании во Скопје, со цел да се стекнат вештини и да се пренесат знаења. Програмата предвидува студентите да бидат сместени во  скопски семејства, за да имаат допир со нашата култура, да се запознаат со нашето секојдневие и најважно, да создадат трајни пријателства.

МЦМС ги поканува семејствата од Скопје, кои сакаат и имаат можност да обезбедат сместување и храна за овие студенти, да го искажат својот интерес на следниот маил: jch@mcms.mk најдоцна до 9ти јуни 2015 година. Со обезбедувањето на три-неделен дом за некој од заинтересираните студенти, вие ќе го приближите до неговите корени и неговото разбирање за културата и традицијата на Македонија.

Сместување во семејства е потребно за 5 студенти (4 на возраст 20-21 година и 1 на возраст од 26 години).

Потребните услови кои секое семејство треба да ги исполнува се наведени во Документот за согласност. За сместување на студентите не е предвиден паричен надоместок.

За повеќе информации кликнете тука

За сите дополнителни информации може да ја контактирате Јасмина Чаушоска, тел. 02 3088-981, мобилен: 072 226-144 или е-пошта: jch@mcms.mk.