Писмото на Ганди до Хитлер

Писмото на Ганди до Хитлер

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

До крајот на 30-те, методот на Ганди за мирна несоработка веќе освои значаен дел од британската јавност.

 

pismo


Ганди, кој и самиот беше меѓународно познат по неговите различни ненасилни акти, граѓанска непослушност и 400 километарскиот Сол марш, го поттикна индискиот народ против британската власт.

Неговата репутација за ефективни, ненасилни промени беа добро воспоставени, па затоа многу луѓе го замолија Ганди да му испрати писмо на Адолф Хитлер, чијшто агресивен режим во Германија ги загрижи дека неминовна е Втора Светска Војна.

На пример, во февруари 1935 година, Хитлер наредил воспоставување на германските воени сили и до март 1936 година, тој испратил трупи во Рајнската област со што го прекршил Версајскиот договор. Исто така, во 1936 година, Хитлер склучи договор со Италија и Јапонија, а во март 1938 година Германија изврши инвазија врз Австрија.

Во тоа време, Хитлер беше прогласен за човек на годината од Тајм магазинот. Нивната причина за негово избирање не беше во чест на неговите акции, туку за широко да ги рекламираат неговите потфати.

Иако Велика Британија и Франција сметаа дека амбицијата на Хитлер за брзо време ќе се скроти и ќе обезбеди мир, со Минхенскиот договор во ноември 1938 година до март 1939 година, Хитлер повторно го прекрши договорот со окупурање на целата земја. Во овој момент, Британија сфати дека на Хитлер не може да му се верува и вети дека ќе ја брани Полска доколку Германија изврши инвазија.

Поради сето ова, Ганди испрати кратко писмо пишувано на машина на 23 јули 1939 година, велејќи му на диктаторот:

Драг пријателе,

Пријателите постојано ме охрабруваат да ти пишам за доброто на човештвото. Но, јас се противев на нивното барање поради чувството дека било какво писмо од мене би било дрскост. Нешто ми кажува дека не можам да правам пресметки и дека морам да го испратам мојот апел.

Сосема е јасно дека денес вие сте личноста во светот која може да спречи војна која би го намалила човештвото. Дали мора да ја платите цената за предметот кој за вас се чини вреден? Дали ќе го слушните апелот на оној кој намерно го избегнува методот на војната со значителен успех? Како и да е, ја очекувам вашата прошка доколку сум ви пишал во погрешна писмена форма.

Останувам,
ваш искрен пријател

М.К.Ганди

Сепак, ова писмо никогаш не стигнал до германскиот канцелар, и било пресретано од страна на британската влада.

Набргу потоа, Германија потпиша договор за ненапаѓање со Советскиот Сојуз на 23 август 1939 година (што ја држеше СССР надвор од војната до 1941 година) и Британија потпиша формален англо-полски заеднички пакт за одбрана два дена подоцна. Германија ја нападна полска на 1 септември 1939 година, а на 3 септември 1939 година официјално започна Втората Светска војна кога Британија и Франција и` објавија војна на Германија.

И покрај тоа шт се соочува со моќни непријатели, Германија немаше витински отпор за време на првите месеци од војната. Беснееше низ европскиот континент и до мај 1940 година Белгија, Данска, Франција, Луксембур, Холандија и Норвешка беа окупирани од нацистичките сили. Битката на Британија, започна во јули 1940 година. Во текот на наредините месеци, речиси 30.000 бомби беа фрлени над Лондон, а над 15.000 луѓе беа повредени или убиени.

На 24 декември 1940 година, Ганди повторно испрати писмо до Хитлер, овој пат значително подолго. Повторно му се обрати со „Почитуван пријателе“. „Ви се обраќам како пријател не од формалност. Јас немам непријатели. Мојата работа во животот во изминатите 33 години е да бидат пријател со целото човештво без разлика на расата или бојата“, пишувало во писмото на Ганди.

„Вашите сопствени дела и соопштенија не оставаат простор за тоа дека голем дел од нив се монструозни и недостојни за човечкото достоинство. Такви се понижувањето на Чехословачка, силувањето на Полска и проголтувањето на Данска“.

Тој исто така го предизвика Хитлер, истакнувајќи дека Нацистичка Германија ја подигна „науката за уништување“ до ниво на „совршенство.

„Чудно е за мене е тоа што не гледате дека тоа е ничиј монопол. Ако не британски, тогаш друг вид на моќ ќе го победи вашето оружје. Ќе си одите без наследство на вашите луѓе. Не можете да се гордеете со рецитал на суровите дела кој сепак е вешто испланиран. Затоа, апелирам во името на хуманоста да ја запрете војната“.

Тој заврши со последниот апел:

„За време на овој период кога срцата на луѓето во Европа копнеат за мир... дали е премногу од вас да побараме да направите напори за мир?“

Доколку писмото некогаш стигнало до Хитлер, тогаш очигледно, Ганди премногу барал од него.