Демант од Државниот студентски дом - Скопје во врска со лифтовите во студентскиот дом "Гоце Делчев"
Државниот студентски дом – Скопје реагира на прилогот објавен во врска со функционалноста на лифтовите во
студентскиот дом “Гоце Делчев“ и во врска со недостигот на храна во
студентската менза и продавница.Демантот ви го пренесуваме во целост
Би сакале да информираме дека дефектот на лифтот во блок В е настанат
пред 3 дена, а не пред 30, како што се наведува и дека во тек е замена на
потрошните материјали, односно резервни делови, така што истиот ќе биде
ставен во функција во најкус можен рок. Истовремено, потсетуваме дека во
тек е процес на етапна реконструкција на студентскиот дом “Гоце
Делчев“, која започна со темелна обнова на блокот Б, по што ќе бидат
опфатени и сите останати објекти, вклучувајќи и замена на лифтовите во нив.
Во таа насока апелираме на трпеливост, со оглед на тоа што се работи за
капитална и подолгорочна активност.
По однос на недостигот на храна, исто така, известуваме дека се работи за
шпекулација, имајќи во предвид дека дистрибутерите на храна во домот
редовно и навремено ги извршуваат договорените услуги.
Апелираме до сите медиуми за проверка на состојбите, пред да биде објавен
било каков натпис, во кој ќе нема информација од Државниот студентски дом
– Скопје.
Со почит,
Државен студентски дом - Скопје