Времето денес и какво време не очекува утре?

Времето денес и какво време не очекува утре?



Во недела претежно сончево со локална облачност. Попладне во југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд.

Во понеделник умерено облачно со повремени сончеви периоди. Попладне во западните, југозападните и јужните предели со врнежи од дожд. Утринските температури од 9 до 19 степени, а дневните до 19 односно до 30 степени.

Во вторник и во среда во поголем дел од Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните часови развој на нестабилна облачност ќе услови врнежи од дожд во западните, југозапаните и јужните предели. Дневните температури од 21 до 32 степени.

Weather4all.com.mk