Билборд во Бразил дели бесплатно кафе на граѓаните

Билборд во Бразил дели бесплатно кафе на граѓаните

Подготвил: Драгана Петрушевска

Утрата се напорни! Особено кога треба да работите или да слушате предавања. За повеќето од нас, единствениот спас е кофеинот. Бразилската компанија за производство на кафе „Кафе Пеле“ го разбираат ова подобро од било кого. Затоа, тимот се сетил на генијален начин за разубавување на денот на своите сограѓани.


Се работи за заразен, интерактивен билборд кој поттикнува проѕевање помеѓу жителите на Сао Пауло кои поминуваат во близина. Потоа следува наградата - бесплатна чаша кафе.

Билбордот е одличен пример на реклама која прави комбинација на дигиталниот и физичкиот свет и пасивните гледачи ги претвора во активни учесници, а згора на тоа ги прави среќни.