Нови дваесет стипендии за студии од втор циклус на Универзитетот Шефилд

Нови дваесет стипендии за студии од втор циклус на Универзитетот Шефилд

Стипендии „Борис Трајковски“ за извршната МБА програма за академската 2015-2016 година




Отворен е конкурсот за нови дваесет студенти кои ќе добијат можност да се стекнат со стипендија „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на извршно ниво (ЕМБА) на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд - Сити Колеџ, лоциран во Солун.

Стипендиите се достапни во областите Општ менаџмент, Маркетинг, Финансии, Менаџмент во логистика, Менаџмент во здравство и Менаџмент на човечки ресурси. Стипендијата е целосна, односно средствата за уписнина ги обезбедуваат подеднакво, Владата на Република Македонија и Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ.

Заинтересираните кандидати потребно е да исполнуваат одредени услови, да имаат завршено академски универзитетски студии од прв циклус  со  постигнат просечен успех од најмалку 8,00,  работно искуство од минимум 3 години, одлично познавање на англискиот јазик и да се постари од 24 години.

Стипендиите се доделуваат како дел од успешната соработка меѓу Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд - Сити Колеџ и Министерството за образование и наука на Република Македонија, што се одвива повеќе од 10 години по ред и досега повеќе од 200 менаџери од највисоки нивоа од различни сектори во државата го надградиле своето знаење. Стипендиите Борис Трајковски даваат одлична можност за кандидатите да ги надградат својот талент, знаења и вештини на еден од најпрестижните универзитети, рангирани на светско ниво.


 

Програмата за стипендирање е достапна за стручни лица од различни профили и бизнис менаџери вработени во компании од приватниот и јавниот сектор. Извршната МБА програма се реализира за време на викенди, во Солун, Грција.

Конкурсот е отворен до 26 јуни а деталите во врска со истиот се објавени на специјализираниот портал на Министерството за образование и наука на Република Македонија, www.stipendii.mon.gov.mk

За повеќе информации, заинтересираните кандидати исто така можат да се обратат и до канцеларијата на Универзитетот Шефилд во Скопје, на телефонскиот број 3064 533.