Оглас за вработување во АрцелорМиттал

Оглас за вработување во АрцелорМиттал

АрцелорМиттал е светски водечки производител на челик. Поседува објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји, што го прави лидер во сите главни пазари за челик.
Интегрирана во структурата на АрцелорМиттал ФЦЕ (Flat Carbon Europe), фабриката работи на континуирано подобрување со цел да се подобри безбедноста и квалитетот и во исто време да се намалат трошоците за производство.

АрцелорМиттал ЦРМ Скопје има потреба од извршител на работното место:

Референт за финансиско известување

Клучни Одговорности

    Обезбедува точни и навремени финансиски информации за перформансите и финансиската состојба на компанијата за да се овозможи преземање на одлуки кои треба да се соодветни со безбедноста и финансиската сила на компанијата.
    Ги развива и ги мониторира потребни контролни мерки за да се осигура дека компанијата е во согласност со претходно дефинираната комерцијална/индустриска стратегија
    Ги предлага сите промени кои се неопходни за да се подобрат финансиските резултати и финансиската контрола на компанијата
    Во тек е со сите случувања во финансискиот менаџмент кои  можат да влијаат на тоа како се управува со финансиските средства на компанијата или со законските обврски на компанијата
    Обезбедува навремено и точно известување за резултатите на корпоративните и локалните власти.
    Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот главен претпоставен


Вештини и компетенции   

    Професионална експертиза
    Ориентираност кон резултат
    Комуникациски вештини
    Одлично познавање на Англиски јазик
    ИТ Образуван (Напредно ниво на Excel)


Сите заинтересирани кандидати кои поседуваат соодветни квалификации, се комуникативни, со тимски дух, ориентирани кон успех и поседуваат организациски способности можат да ја испратат својата Апликација/CV на HR.Skopje@arcelormittal.com со назнака “Референт за финансиско известување ”

Краен рок за пријавување е 19 Јуни 2015.

ОПШТ РАБОТНИК

Одговорности:

    Се грижи за одржувањето на хигиена во околината на компанијата  
    Помага при пакување на котури и картони
    Помага при утовар и истовар на готов производ
    Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија.  
    Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот главен претпоставен


Критериуми:

    Средно стручно образование
    1 година работно искуство на слична позиција
    Можност за работа во смени и на повик


Кандидатите кои ги исполнуваат горе наведените услови траба да испратат кратка биографија на е-маил: HR.Skopje@arcelormittal.com или по пошта, со назнака Општ работник, најдоцна до 19.06.2015.