Какво време не` очекува во наредните денови?

Какво време не` очекува во наредните денови?



Во Македонија во среда претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне зголемување на облачноста, а во западните и северозападните предели како и во крајните североисточно и југоисточни предели ќе постојат услови за развој на нестабилна облачност која што ќе услови локални врнежи од дожд. Утринските температури од 8 до 18 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20 односно до 31 степен.

СКОПЈЕ - Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните часови со услови за слаб локален дожд. Минималната температура од 14 степени, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток претпладне претежно сончево, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Минималната температура од 9 до 19 степени а максималната дневна ќе достигне до 22 односно до 33 степени. Во петок претежно сончево и топло, во западните предели со услови за врнежи од дожд.

Претежно сончево со локална облачност и топло ќе биде во деновите од викендот. Минималните температури од 10 до 20 степени, а максиналните дневни температури ќе достигнат до 25 односно до 37 степени.