Оглас за вработување во CARREFOUR

Оглас за вработување во CARREFOUR

Carrefour е компанија која постои 40 години и е водечка во својата дејност, со повеќе од 475.000 вработени во повеќе од 35 земји во светот, со што се декларира во првите 13 најработодавци во светот. 

Carrefour групацијата на Балканот, а со тоа и на македонскиот пазар делува преку долгогодишното партнерство со Marinopolus групацијата. 

Насочена е кон развој и обука на своите вработени, на кои им нуди можност за професионален развој на нивната кариера. Carrefour има една единствена мисија: да биде најдобриот трговец секаде каде што делува, да го направи животот на своите потрошувачи поквалитетен со понудата на производи која ја има. 

СУПЕРМАРКЕТ CARREFOUR - Скопје 
ВРАБОТУВA: ВРАБОТЕН ВО ОДДЕЛ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
• Средно образование искуство во соодветниот оддел (овошје и зеленчук) ќе се смета за предност
• Одлични комуникациски и организациски способности
• Клиентски ориентирана личност
• Способност за работа во динамично опкружување и желба за професинален развој
• Почитување на дадени крајни рокови

ВАШИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:
• Квалитетна услуга кон клиентите согласно правилата на компанијата
• Спроведување на промотивни активности
• Почитување на интерните правила и стандарди на работа, како и кодексот на етика

ШТО НУДИМЕ:
• Можност за професионален развој и надоградба
• Работа во динамично и меѓународно опкружување
• Работно време 40 часа неделно
• Работа во смени Износот на плата ќе биде договорен на интервјуата, но минималната плата за оваа позиција би била бруто износ од 14.114,00 денари.

Доколку сте заинтересирани за слободната работна позиција и Вашите компетенции и квалификации одговараат на истата испратете CV (кратка биографија) и мотивациско писмо на следната адреса hr_macedonia@marinopoulos.com не подоцна од 16.06.2015. ЗАДОЛЖИТЕЛНО посочете за која работна позиција аплицирате ВО ПРЕДВИД ЌЕ БИДАТ ЗЕМЕНИ САМО АПЛИКАЦИИТЕ КОЈ ШТО ГИ ИСПОЛНУВААТ ПОГОРЕНАВЕДЕНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ