Оглас за вработување во EURO TOOLS - Скопје

Оглас за вработување во EURO TOOLS - Скопје

EURO TOOLS – СКОПЈЕ, Компанија со основна дејност продажба и дистрибуција на материјали, алати и опрема за заштита при работа, има потреба да вработи: 

КОМЕРЦИЈАЛИСТ
(за реонот на Скопје) 

Потребни квалификации:
Минимум завршено средно образование
Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета како предност
Возачка дозвола Б – категорија, активен возач (минимум 2 години)

Одговорности и задачи:
Планирање и организирање на продажни активности
Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата
Развивање и одржување на односите со клиентите

Очекувани вештини и способности:
Одлични комуникациски и преговарачки вештини
Организациски и аналитички способности
Мотивирана и стабилна личност
Динамична, иницијативна и насочена кон резултати
Ориентираност кон клиенти
Способност за индивидуална и тимска работа
Флексибилност за работа на терен

Ние нудиме:
Обука на кандидатите
Можност за професионален развој и унапредување
Службено возило

Доколку сте комуникативни, ориентирани кон остварување на резултати и сакате да работите со купувачи, Ве молиме пријавите со Ваша биографија (CV) да ги испратите на следната e-mail адреса: eurotoolsmk@gmail.com со назнака на апликацијата за „Комерцијалист”.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведениве услови, ќе бидат контактирани!
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!