Оглас за вработување во ТехноЛогика

Оглас за вработување во ТехноЛогика

ТехноЛогика е водечка регионална софтверска компанија, која од 1990 година развива комплексна дејност во областа на информационите технологии: имплементација на информациони системи, развој на софтвер, консултантски услуги и специјализирани обуки. Еден од клучните сопствени производи на ТехноЛогика е HeRMeS® – специјализиран софтвер за управување со човечки ресурси со 15-годишна успешна историја. HeRMeS® е интегриран, флексибилен систем, кој го автоматизира управувањето на сите дејности за планирање, вработување, организација, оценување, развој, плаќање и комуникации на човечките ресурси.

Во врска со проширување на дејноста на нашиот тим во Скопје, бараме консултант за имплементација на споменатиот софтвер во регионот на работно место:

КОНСУЛТАНТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 

Основни одговорности
• Имплементира модули за администрирање и пресметка на плати на персонал во системот HeRMeS® V
• Анализира функционални барања и предлага решенија за специфични потреби на клиентите
• Поддржува имплементирани системи кај клиентите
• Изработува упатства за работа на корисници
• Спроведува обуки на корисници за работа со системот
• Тестира нови функционалности и верзии на софтверот
• Учествува во презентации на системот пред потенцијални клиенти

Услови
• Многу добро познавање на локалното законодавство за администрирање на човечки ресурси и пресметка на плати
• Искуство во имплементација на софтвер (предност во областа на УЧР)
• Познавање на основните принципи за опис на бизнис барања, процеси и процедури
• Много добро познавање на работа со компјутери – работа со MS Office
• Много добро познавање на англиски јазик – писмен и устен
• Аналитичко мислење, прецизност, одлични комуникативни вештини, високо ниво на лична организираност
• Можност за патување во земјата и странство

Предност ќе имаат кандидатите со:
• Високо образование во областа на управување со човечки ресурси, информациони технологии, компјутерски науки
• Познавање и искуство во работа со специјализиран софтвер за УЧР
• Возачка дозвола
• Познавања за управување со проекти
• Познавање на регионалните јазици – српски/хрватски

Ние нудиме:
• Можност да сте дел од голема регионална софтверска компанија со утврден имиџ на надежен и компетентен добавувач на клиентски софтвер
• Запознавање и работа со практиките за управување со човечки ресурси на водечките компании
• Учество во меѓународни проекти
• Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата.
• Работно време: од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.
• Почетна нето плата: 21.500 денари.
• Мотивирачки дополнителен месечен надоместок и пакет бенефиции.

Доколку објавената позиција ја сметате за добра можност за Вашиот професионален развој, Ве молиме да испратите мотивациско писмо и професионална автобиографија/CV со слика на e-mail: jobs_skopje@technologica.com, не подоцна од 20.06.2015 г. Документите ќе бидат разгледани во полна дискреција. Само најдобрите кандидати ќе бидат поканети на интервју.

За повеќе информации: http://www.technologica.com.