Како децата од минатото реагирале на филм за сексуалното образование?

Како децата од минатото реагирале на филм за сексуалното образование?

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

video

 

На YouTube е поставено видео кое прикажува снимка од ученици додека гледаат еден од најпрвите филмови за сексуалното образование. Видеото го снимил „LIFE Magazine“ со скриена камера во 1947 година кога на учениците од 7 одделение од основното училиште „Теодор Рузвелт“ им бил прикажан овој филм.


Учениците на час кај госпоѓа Белнкинсоп биле меѓу првите во Орегон кој го гледале филмот „Human Growth“, филм снимен за потребите на сексуалното образование.

После тоа, филмот започна да се користи низ цела Америка како едукативно средство.

„Продуцентот го сними филмот па ги пресними сите сцени кои би можеле да предизвикаат непријатност кај публиката“, пишува во забелешката од архива.

Во анкетата која била спроведена пред да биде прикажан филмот, биле испитани 7.000 родители, од кои 6.850 изјавиле дека прифаќаат нивните деца да го погледнат овој едукативен материјал. Децата за време на гледањето покажале реакции на воодушевување, љубопитност и мала непријатност.