Апликација која нуди игри за развивање на вашиот мозок

Апликација која нуди игри за развивање на вашиот мозок

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Дали поради жешкото време не можете да размислувате како што треба? Доколку сакате нешто што би ве поттикнало, тогаш „Lumosity“ нуди одличен асортиман на забавни игри кои го поттикнуваат мозокот.

 

аплкација


Апликацијата обезбедува бесплатни примероци од поголемите програми на компанијата кои ги користи како обука. Нејзините неколку игри се дизајнирани како дневни вежби за подобрување на вашата меморија и вашата способност да се фокусирате. Апликацијата исто така ја следи вашата ефикасност, па имате можност да видите дали се подобрувате.

Науката се`уште не може да утврди дали „Lumosity“ и другите игри за мозокот го подобруват спознанието, меѓутоа оваа апликација дефинитивно вреди да се проба.

Бесплатно и за iOS и за Android.