Тајните на синџирот на снабдување и менаџмент на логистика

Тајните на синџирот на снабдување и менаџмент на логистика

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ на Академијата за Менаџери во Скопје, од 3 до 5 јули ќе одржи предавање на тема Логистика и управување со синџирот на снабдување во меѓународна средина.

 

Предавањето, што ќе го води професор Д-р Панајотис Кетикидис ќе го истакне значењето и важноста на синџирот на снабдување во еден беспрекорно развиен и интегриран систем од услуги и производи.

 

 

Новите, современи методологии во пристапот и менаџирањето со организациите, го издвојуваат синџирот на снабдување како суштински во секој оддел и за секој вработен во рамките на организацијата, како што се инженери, менаџери на продажба, оперативни менаџери, менаџери за логистика, специјалисти за продажба, финансии итн. Покрај дефинирањето на функциите, менаџирањето и управувањето со синџирот на снабдување, ќе бидат анализирани и идните предизвици кои ги очекуваат менаџерите за логистика. Според најновите сознанија интеграцијата на организациите во рамките на еден синџир на снабдување е вреднувана како една од основните конкурентни стратегии, која се очекува да ги издвои лидерите на идната генерација.

 

Филозофијата и главната намена на ова предавање е да обезбеди увид во она што синџирот на снабдување претставува, зошто тој станува сѐ поважен и ги обединува и усогласува процесите и организациските активности во секој смер, со цел заеднички да се споделуваат резултатите и наградите.

 

 

 

Д-р Панајотис Кетикидис, заменик директор за истражување, иновации и меѓународни односи на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ и Академски директор на докторската програма на Центарот за истражување на Југоисточна Европа (SEERC), има над 25 годишно искуство во едукација и истражувањето во сферата на логистика и управување со синџирот на снабдување. Неговите истражувачки интереси се во делот на синџирот на снабдување, информатика во здравството, иновации и регионален развој, како и во делот на научните дисциплини со цел разбирање на денешните и идните комплексни проблеми во оваа сфера. Тој има над седумдесет публикации во форма на статии, книги, конференциски материјали, технички статии и извештаи.

 

Рокот за апликација е отворен до 30 јуни, а деталите во врска со предавањето се објавени на веб страницата на Академија за менаџери, www.managersacademy.mk

 

За повеќе информации, заинтересираните кандидати, исто така можат да се обратат и до канцеларијата на Академијата за менаџери во Скопје, на телефонскиот број (02) 3064 533 или на е-маил адресата: office@managersacademy.mk